Едно лице го загуби животот, откако поради силниот ветер врз неговиот автомобил падна дрво. Несреќата се случи утрово на патот Дравоград – Марибор во близина на местото Подвелки.

Поради силниот ветер цела Словенија од денес е во “портокалова фаза”. Агенцијата за животна средина го издаде предупредувањето по информацијата на метеоролошките служби, дека во некои делови од државата ветерот денес ќе достигне брзина и до 120 километри на час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.