Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, на денешниот редовен брифинг со новинарите, соопшти дека Грчката амбасада во Анкара реагирала со вербална нота до Турција, за новата турска навигациска информација Навтекс издадена за бродот „Чешме“.
Папајоану најави дека ќе следи и писмен демарш,
Навигациската информација издадена од станицата во Измир се однесува на меѓународните води, но морам да потенцирам дека оваа Навтекс, самата по себе е нелегална, бидејќи, едноставно, станицата во Измир не е надлежна да издава Навтекс за конкретниот регион – објасни Папајоану, соопштувајќи ја реакцијата од Министерството за надворешни работи.
Во однос на следниот круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција што треба да се одржат во Атина, портпаролот на грчкото МНР изјави дека чекаат одговор од турската страна.
Имаме доставено предлози за датум за следниот круг прелиминарни разговори што ќе се одржат во Атина, говориме за почетокот на март, првата седмица од март. Има време турската страна да одговори и очекуваме одговор на предлозите што ги доставивме – изјави Папајоану.
Според грчките медиуми, Турција издала Навтекс за океанографскиот брод „Чешме“ од денеска до 12 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.