Демонстранти против експропријацијата во Србија денеска го блокираа автопатот во Белград. Собирот започна на три места – Панчевски мост, пред ТЦ Ушќе и кај Сава центар.

Протестот траеше 1 час со блокада на автопатот во двете насоки. Набргу по запирањето на протестите и ослободувањето на сообраќајот, дојде до инцидент.

Непознат маж со својот автомобил удри демонстрант, по што демонстрантите му ги искршија стаклата на автомобилот.

Нека вози, гледаш дека е пијан. Пушти го – извикуваа демонстрантите.

Еден демонстрант за nova.rs изјави дека „очигледно сакал да се тепа, па демонстрантите му го скршиле стаклото на автомобилот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nova.rs portal (@nova.rs_portal)

На протестот присуствуваше и Ратко Ристиќ, проректор на Белградскиот универзитет.

Ова мора да се поддржи – изјави тој.

Денешниот протест е трети откако демонстрантите во последните две саботи го блокираа автопатот во Белград и другите српски градови.

Во изминатите две недели имаше протести против Законот за експропријација и измените на Законот за референдум.

Вучиќ експресно нареди повлекување на Законот за експропријација, а Собранието вчера го измени Законот за референдум, иако само неколку дена претходно го донесе во првобитната форма.

По исполнувањето на примарните цели, протестот продолжува викендов со ново барање – се бара целосна забрана на Рио Тинто во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.