Во Хрватска денеска се одржуваат први протести откако на сила стапи одлуката за задолжителни ковид-потврди за влез во јавни и државни установи.
Според локалните медиуми дел припадници на правосудната полиција и вработени во затворскиот систем од утрово протестираат пред затворот во Реметинац. Тие не прифаќаат покажување ковид-потврди при доаѓање на работа.
Протест против задолжителните ковид-потврди има и во Сплит пред полициска станица, јавија хрватските медиуми. Во Хрватска од денеска важи правилото за задолжителни ковид-потврди за вработените во јавните и државните установи.
Сертификатите за ковид докажуваат дека некој е вакциниран, дека прележал од ковид-19 или е негативен. А за оние кои не биле вакцинирани или прележале Ковид, се воведува мерка задолжително тестирање за коронавирус. Сертификациите за ковид се воведуваат и во училиштата, но само за вработените.
Новата мерка во борбата против пандемијата на коронавирус беше критикувана од опозицијата која ја оцени како поделба на граѓани од прв и втор ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.