Здружението за заштита на жртвите од правосудството „Вероника Вере” денеска одржа протести против корупцијата во хрватската Влада, при што учесниците носеа ковчези за да предупредат на „смртта на правдата и правосудството”.

Протестот почна пред Палатата на правдата, односно Општинскиот граѓански суд во Загреб, а маршрутата ја продолжија до Уставниот суд.

– Низ градот го носиме ковчегот со мртвата правда во Република Хрватска, порача Здружението „Вероника Вере”.

Портпаролката на Здружението, Тихана Томас изјави дека „ковчезите го симболизираат погребот на правдата, бидејќи системот не функционира”.

– Сите мораме да се избориме за тоа системот да падне и конечно да функционираме според законот, истакна Томас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.