Стотици граѓани од албанска националност излегоа денеска на протест во Ѓаковица, во западно Косово, со цел да ги спречат верниците од Србија да го посетат тамошниот православен манастир по повод верскиот празник Божик, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот заврши откако директорот на регионалната полиција Ахмет Хаси информирал дека српските верници нема да допатуваат во Ѓаковица.

Протестантите порачаа дека немаат ништо против православните верници, туку против оние кои што се преправаат дека се верници, а за кои, како што велат, знаат дека сториле тешки злосторства во нивниот град во војната од 1998-99 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.