Мртво тело на маж кое било без глава е пронајдено во Србија во близина на Лесковац, а ја потресе српската јавност и цел регион.

Се работи за 41-годишен архитект од Белград кој бил пронајден обезглавен, со главата покрај телото во распаѓање, а според неофицијални податоци, најверојатно се обесил во август по кавга со својата сопруга, но мештаните не веруваат во тоа. Телото било во непристапен терен и скапувало со месеци.

Тој исчезнал на 18. август годинава кога се враќал со сопругата од Грција, по кавга со неа. Тој побарал од неа сама да продолжи со возилото, а тој да размисли малку сам за се.

По два месеци мештанин го пронашол на врвот на ридот, без глава.

Отидов на ридот да ја проверам водоводната цевка, а наидов на хорор слика. Видов распаднат леш, главата беше одвоена од телото. Се чувствуваше силна миризба. веднаш викнав полиција, вели мештанинот кој го нашол телото на архитектот – изјавил очевидецот.

Неговите пријатели и соседи не веруваат дека се самоубил.

Бараат детална истрага на случајот.

Полицијата не го соопштува името на архитектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.