Во нападот со калашников на автобусот кај Дечани во Косово животот го загуби возачот на автобусот Гани Ѓокај, како и учениците од село Глоѓан – девојката Л.Х.(16) и момчето Ѓ.М.(17).
Тие биле ученици на средното медицинско училиште. По страшната вест, класната раководителка на убиената девојка се прости од неа со емотивна објава на Фејсбук. Покрај фотографиите од девојчето и класот, таа напиша:
„Проклет да си криминалецу што ја уби мојата ученичка. Сочувство до семејствата на сите убиени вечерва“.
Косова Клан јавува дека портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Фадиљ Гаши изјавил дека во автобусот во моментот на пукањето имало осум патници. Потврдено е и дека повредените патници се префрлени во болницата во Пеќ, но од оваа здравствена установа не наведуваат колку лица се повредени. Според неофицијални информации, повреден е уште еден ученик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.