Владата на Косово на синоќешната вонредна седница, свикана од премиерот Албин Курти, а на барање на министерот за здравство Арбен Витиа, прогласи вонредна состојба во косовското јавно здравство, поради зголемената опасност од ширење на епидемијата на коронавирусот,.
Според соопштението доставено до медиумите, со оваа одлука, која стапи во сила веднаш, „се обврзуваат институциите на Владата на Република Косово да дејствуваат согласно Планот за национално реагирање и активирање на функцијата за вонредна поддршка 8 (ФМЕ8 – јавно здравство и лекарски услуги)“.
Министерството за здравство е одговорно за менаџирање на прогласената вонредна состојба за јавното здравство, се вели во владината одлука.
Министерот Витиа ја побара оваа мерка, откако синоќа беа потврдени нови четири случаи на заразени со смртоносниот вирус Ковид-19, со што, два дена по појавување на првите два случаја, бројката на лица носители на Ковид-19 во земјата се зголеми на деветмина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.