Повеќе од педесет професори и стручни соработници на Филозофскито факултет во Сараево им се придружува на протестите на граѓаните собрани под мотото „Борба за живот“, кои бараат оставки од одговорните за справување со здравствената криза, пред се Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ.

Како што објави телевизијата „Н1“, професорите од саревскиот факултет во отворено писмо ги повикуваат своите колеги од факултетите ширум земјата да ги поддржат барањата формирани на протестите од 6 април 2021 година, а кои имаат рок за исполнување до 13 април, и со тоа да го кренат својот глас и да побараат враќање на нивното украдено достоинство.

Во ова време во кое науката, моралот и бескромпромисната одлучност може да ја насочат државата во добра насока, а со оглед на тоа што основните институции на државата, за жал, се заслужни за катастрофалната состојба, ние, универзитетските работници, во согласност со работата со која се бавиме и позицијата што ја имаме во општеството, чувствуваме обврска да го поддржиме предлогот кој е првиот чекор кон оздравување на општеството во целина. Ненабавувањето на вакцини во ова време е идентично на „убиство со преумисла“.

Планското/непланско, свесно/несвесно уништивуање на животи во државата е дело на државата, односно на оние арогантни, дрски и нестручни луѓе во Советот на министри, Владата и сите пратечки служби на овие институции. Затоа, барамесите одговорни во рамките на овие институции да им се извинат на граѓаните за несовесно извршување на работата, а потоа(конечно нешто чесно) да поднесат оставки – се наведува во писмото на професорите од сараевскиот Филозофски факултет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.