Бугарскиот член на бугарско-македонската комисија за историја, проф. Кирил Топалов вели
дека Македонија не сака да влезе во ЕУ под изговор дека Бугарија не ја пушта. Но,
истовремено, Топалов обвинува дека „Белград никогаш нема да ја пушти Македонија во ЕУ пред себе, а можеби и Србија, не ни сака да се приклучи на Унијата.
Во интервју за „бТВ“, Топалов вели дека Македонија не го почитува Договорот за пријателство и
добрососедство, потпишан пред четири години.
Тој вели дека договорот се уште има тежина, бидејќи тоа е формален договор помеѓу две држави и доколку тие сериозно ги сфатат меѓународните односи, нивната иднина, нивниот народ, треба да биде почитуван.
Професорот Топалов најави дека следниот состанок на заедничката историска комисија треба да се одржи по втората половина на октомври
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.