Продолжува штрајкот на просветните работници

Балкан 04.11.2019 / 9:53

Во Хрватска почнува нова рунда штрајкови во основните и средните училишта, а претставниците на синдикатите ќе се сретнат со министерот за образование Јосип Аладровиќ.

Настава денеска нема да има во Осјечко-баранската и Личко-сењската жупанија, а утре во Приморско-горанската и во Задарската жупанија, додека за среда е најавен штрајк во цела Хрватска и голем протест во Загреб.

Владата веќе понуди вклучува зголемување на платите за шест отсто за сите вработени на кои плата им дава државата, но наставниците и професорите бараат поголеми коефициент и кои би ги изедначиле со останатите од државната служба.

Хрватските наставници во просек имаат плати од 800 до 1000 евра, професорите нешто поголеми, а лидерите на синдикат – 2.300 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.