Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се непроменети и задолжителни за влез во Грција за туристите, вклучително и оние од  Македонија, согласно новата министерска одлука што во 6 часот утрово стапи во сила, а важи до 22 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерските одлуки „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, грчката Влада ги продолжува секоја седмица, а овој пат има нема никакви промени во споредба со претходната одлука.

За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, па така, од  Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран.

Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а освен  Македонија, дозволено е патување и за државјаните на Азербејџан, Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Јордан, Израел, Канада, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Белорусија, Либан, Црна Гора, Молдавија, Бахреин, Брунеј, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Украина, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.