Српски државјанин на возраст од 45 години и Унгарка на 31-годишна возратс се уапсени во Фуенгирола, Шпанија, под сомнение дека измамиле човек за 20.000 евра на коj му продале лажен накит.
Како што објавија српските медиуми, Србинот и Унгарката на купувачот му продале две златни ланчиња и скап часовник.
Измамата е откриена кога мажот пријавил во полиција дека купил накит и часовник, за кој подоцна дознал дека се лажни.
Како што објаснила жртвата, од измамниците добил извесна придружна документација и писмо за автентичност на часовникот од Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.