Службеници на Генералната дирекција за борба против организиран криминал по добиен сигнал приведоа маж во Софија во врска со тешката сообраќајна несреќа со автобус на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица, а уште 7 се повредени, соопшти бугарското МВР.

Тој на Фејсбук објавил коментари поврзани со инцидентот, кои не се во согласност со моралните и етичките норми.

Материјалите се пријавени во Окружното обвинителство на Софија за кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање на омраза врз основа на националност преку информациски систем.

Стефан Белев напиша дека на магистралниот пат Струма со огнено шоу е отворена нова македонска скара…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.