Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза приведен е утрово на информативен разговор во полиција поради тоа што наводно бил вмешан во криминалните активности на Веља Невоља.

Угостителот од Белград, Александар Кајмаковиќ во текот на разговорите со припадниците со Управата на криминалистичката полиција кажал дека до Веља Невоља стигнал преку претседателот на Фудбалскиот сојуз.

Првиот човек на ФС Србија од утрово е во полициска станица, каде што ќе даде биде испрашан за неговото познанство со криминалецот.

Кокеза е на чело на ФС Србија од 20 мај 2016 година, а претходно беше члена на Управниот одбор на Црвена Звезда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.