Денес во Белград е приведен Срѓан Ного. Ного е еден од учесниците и неформалните претставници на насилните протести што се случија претходните денови пред Собранието на Србија.

На неговиот профил на Фејсбук беше објавено дека му е одредена мерката притвор и дека е испратен во Палатата на правдата.

Ного е еден од учесниците и неформалните претставници на насилните протести што се случија претходните денови пред Собранието на Србија и поранешен пратеник во српскиот Парлемент.

Ного минатата година беше исклучен од движење Двери а причината за тоа е што тој носеше макета на бесилка на протестот „1 од 5 милиони“.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, тогаш се огради од постапката на Ного, тврдејќи дека бесилка не е политика на неговата партија. Ова беше втор пат, кога првиот човек на Двери, се дистанцираше од својот пратеник. Првиот пат беше во октомври 2018 година, кога лидерот на Двери ја осуди изјавата на Ного, кога рече дека премиерот Ана Брнабиќ треба да се обеси на Теразије, доколку таа го парафира Даблинскиот договор со ЕУ за мигрантите.

Инаку, Ного и стана познат на македонската јавност по изјавата дека балканските лидери од просторот на поранешна СФРЈ ( минус Словенија плус Албанија ) се договориле со Сорос на овие простори да населат од пет до осум милиони мигранти и за тоа да добијат од 100 до 160 милијарди евра. Или би добиле околу 20 илјади евра по еден мигран, изјави тогаш Ного во едно свое интервју на јутјуб. Тие мигранти требале да се населат во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора. Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.