Потпретседателот на косовската влада Хаки Абази кажа дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги повлече американските војници од Косово.
Како што пренесува порталот Косово онлајн, Абази за Газета експрес потсети дека Трамп во своето прво изборно ветување кажа дека ќе ги врати сите трупи во земјата.
Договорот на Косово и Србија го спореди со мировниот договор на САД со талибанците во Авганистан кој предвидува американските трупи да го напуштат Авганистан.
Пред три дена беше потпишан договорот со талибанците, со што беше отворен патот за враќање на сите американски војници од Авганистан во Америка. Што ако како резултат на потпишувањето на договорот дојде до итно повлекување на американските трупи од Косово?- кажа тој.
Според него, не постојат Албанци кои го доведуваат во прашање стратегискиот однос со Америка „освен еден, а тој е претседателот (Хашим Тачи)“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.