Јавното претпријатие „Термокос” денеска соопшти дека било принудено, поради неможност за снабдување со пареа од термоелектраната на Електростопанство на Косово, да го прекине снабдувањето со топлинска енергија за сите граѓани на Приштина.

Во моментов, како што се наведува, само клиниките и амбулантите на Универзитетскиот клинички центар на Косово се снабдуваат со греење од топлана во нивниот круг.

„Бараме разбирање од нашите потрошувачи додека не се подобри состојбата и не се обнови снабдувањето со топлинска енергија”, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.