Големо количество на оружје е пронајдено во околината на Бујановац пред неколку дена.

Како што пишуваат српските медиуми тоа му припаѓало на т.н Ослободителна воjска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Пронајдени се противтенковски мини, три сандаци муниција и уред за следење.

Оружјето било сокриено под карпа близу границата со Косово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.