Раденко Миловановиќ од Зубин Поток, повреден за време на утринската акција на косовската полиција во тоа место, вели дека припадниците на единицата РОСУ пукале на нив, упаѓале во куќите и малтретирале жени и деца.
Ме бркаа и пукаа не мене, скокнав од три-четири метри и ја повредив ногата. Тој дојде до мене и продолжи да пука. Беа маскирани, имаа фантомки и беа под полна воена спрема – рекол Миловановиќ, кој заедно со повредениот Бобан Јаничиевиќ биле згрижени во болничкиот центар во Косовска Митровица.
Едноставно, воена сосојба. Се уништија. Ние бевме голораки, никој на нив не пукаше. Како поставуваваме препреки и се повлекувавме да не можат да поминат, тие се рушеа и палеа. Влегуваа во домовите, малтретираа жени и деца – раскажал Миловановиќ.
Тој додал дека припадниците на РОСУ ги тепале сите што неможеле да избегаат, а седум лица одвеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.