Бугарските медиуми пишуваат дека екс премиерот Бојко Борисов сакал да добие азил во Турција.

По средбата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која немаше бугарско знаме, порталот „Сега.БГ, оценува дека посетата на 3 јули била со цел да се обезбеди азил за Борисов во Турција.

На Фејсбук, Борисов искажал благодарност за фактот дека пред неколку години Турција не дозволила мигрантите да преминуваат во Бугарија.

„Точно е дека според протоколот, едниот е шеф на државата, а другиот веќе нема официјален став, но нагласувањето на оваа разлика само покажува дека целта на посетата не била зајакнување на односите меѓу двете земји, туку Борисов да си ја заврши својата работа“, пишува бугарскиот портал.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.