Џејмс Мутлу е пријателот на Србинката Ана Волш кој последен ја видел жива за Новата година во нивната куќа .
Иако Ана ја запознал преку сопругот Брајан, за CBS изјавил дека и со неа изградил силно пријателство бидејќи таа е жена која секогаш е тука за другите.
Џејмс е во шок бидејќи ништо не се знае – ниту како Ана исчезнала и што всушност се случило бидејќи таа вечер во куќата меѓу нив се изгледало во ред, сите биле расположени и весели.
Сите заедно се радувавме, славевме, си игравме со децата… а потоа се гушкавме и наздравувавме, сите работи што ги правите за Нова година. Немаше знаци на никакви проблеми, само прослава – изјави Мутлу
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.