Пред парламентарните избори на Грција закажани за 7 јули, главната опозициска партија Неа демократија(НД) одржува стабилна предност од 11 % пред владејачката СИРИЗА, покажува анкета објавена денеска.
На прашањето за кого ќе гласаат 34,5 отсто од испитаниците се изјасниле за опозиционата конзервативна Неа демократија, 23,3 отсто за левичарската СИРИЗА, 5,1 отсто за левичарското движење Движење за промени (КИНАЛ), 3,8 отсто за Комунистичката партија (ККЕ), 3,2 % за таканареченото Грчко решение (Elliniki Lysi) и 3 проценти за MeRA25 на поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис.
За прв пат, неонацистичката Златна зора падна на 1,8 проценти.
Анкетата покажува дека дури 39,8 отсто од анкетираните очекуваат НД да победи на изборите а 27 отсто веруваат во победа на СИРИЗА.
Како следен премиер, 36 отсто од анкетираните сакаат да го видат лидерот на НД, Киријакос Мицотакис, наспроти 24,7 проценти кои го избраа премиерот Алексис Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.