Полицијата во Белград запленила килограм хероин и го уапсила М.С. (25) од Аранѓеловац, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотици.
Полицијата се обидела да го запре автомобилот управуван од осомничениот на автопатот „Милош Велики“, но што тој се обидел да избега со дел од дрогата. Со брза реакција, полициските службеници го спречиле во намерата.
При претрес на осомничениот и багажникот на неговиот автомобил, полицијата ја открила дрогата, по што го уапсила. Дилерот е во притвор и ќе биде изведен пред надлежен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.