Епидемиологот Предраг Кон најавил дека денеска Србија ќе има најголем број на новозаразени од почетокот на епидемијата.

Бележиме пораст на новозаразени, вчерашниот помал број е последица на неделата, а денеска очекувам максимален број досега. Близу или повеќе од 4.000 нови случаи. Не можеме да кажеме дека ситуацијата е стабилизирана. Епидемијата во Србија не е под контрола, цело време на некој начин ја имаме под контрола, но со огромно ангажрање, и се уште бележиме раст – рекол Кон.

Д-р Кон вели дека било очекувано во оваа недела да дојде до израмнување, но дека тоа не се случило бидејќи мерките не се доволно спроведени.

Порастот кој го очекуваме денеска, ќе го видиме наредните денови, се надевам дека ќе ја стабилизираме ситуацијата. Во Белград е критична ситуацијата, не може поинаку да се каже – рекол Кон.

Нагласил дека веќе сега здравствениот систем не може регуларно да функционира.

Ова сега е неспоредливо тешко за здравствениот систем. Бев во војна, преживеавме бомбардирање, но ова е неспоредливо потешко за систем – нагасил Кон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.