Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави на инстаграм дека од фирмата „Термомонт“ доби торта во облик на новата ковид-болница во Крушевац.

Му благодарам на ‘Термомонт’ за прекрасниот подарок. Добив торта-болница, но многу поважна е вистинската болница во Крушевац, која ќе ни помогне во борбата против ковид-19. Болницата ја завршуваме за точно седум дена. Да живее Србија!, напиша Вучиќ.

Болницата која се гради во Крушевац треба да има околу 500 болнички кревети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.