Бугарскиот претседател, Румен Радев, при влезот во Националното собрание, изрази убедување дека овој пат парламентарните партии треба да формираат функционална влада.
Бугарскиот претседател влезе во Националното собрание за свечената конститутивна седница на 46-от парламент, само неколку минути пред нејзиното почнување, заедно со потпретседателката Илиана Јотова.
Задачите и пораките се исти, како и пред три месеци. Бугарија не може да си дозволи да губи историско време, мора да имаме кабинет со широка парламентарна и јавна поддршка – додаде тој.
Откако ќе се конституира новото Национално собрание, Радев ќе почне процедура за политички консултации.
Радев го коментираше извештајот на ЕК за состојбата на правосудниот систем во Бугарија, велејќи дека проценките во него се алармантни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.