Претседателот на Парламентот на Кипар, Димитрис Силурис, како и делегацијата што со него била во Атина, од вторникот наутро се во самоизолација.
Како што изјави портпаролот на Парламентот, Парис Потамитис за кипарската новинска агенција КИПЕ, оваа одлука била донесена веднаш откако Министерството за здравство на Кипар ја вклучило Грција во листата земји, за кои се препорачува, по враќањето, лицата да бидат во домашна изолација.
Иако два часа подоцна, листата од Министерството била ажурирана, а Грција тргната од ризичните земји, сепак претседателот на Парламентот и делегацијата што патувала во Атина, ќе бидат во изолација најмалку до утре.
Претседателот на кипарскиот Парламент и четиричлената делегација на 3 и 4 март беа во официјална посета на Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.