Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи е заразена од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста ја објави самата Османи преку нејзината сттраница на Фејсбук, каде што наведе дека, поради контакт со блиски кои се заразени од корнавирусот, го извршила тестирањето и резултатот бил позитивен.
Османи најави дека во наредните две недели работните обврски ќе ги извршува од својот дом, а состаноците ќе ги одржува преку електронските платформи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.