Претседателите на парламентите на Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Македонија и претседателот на Собранието на Косово ќе се состанат в понеделник во Брисел, на иницијатива на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Како што соопштија од ЕП, на овој втор самит на претседателите на парламентите на Западен Балкан, тие ќе разговараат за клучната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во „пост-ковид ерата“.

По тој повод, претседателите на парламентите ќе се сретнат и со членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

На состанокот ќе присуствуваат и претседателите на парламентите на Португалија и на Словенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.