Полицијата вчера привела две лица (19 и 22 години) поради сомнение дека во утринските часови во Супетар на Брач учествувале во напад на група од пет млади лица кои биле полесно повредени, објавија хрватските медиуми од извори на сплитско-далматинската полициска управа.
Како што се наведува во полицискиот извештај во Супетар е уапсен 22-годишник поради сомнение дека учествувал во напад и притоа повредил 26-годишник. Со оглед на тоа дека тој 22-годипник бил во алкохолизирана состојба сместен е во просторија за трезнење, пренесе N1.
Во неделата околу 10 часот во Сплит било приведено 19-годишно момче исто така поради сомнение дека учествувало во немилиот настан.
Како што се наведува во соопштението на полицијата со истражувањето било утврдено дека оштетените биле нападната бидејќи меѓу нив се наоѓале лица од српска националност.
Од сплитската полиција се дознава дека сите петмина нападнати се државјани на Хрватска. Двајца од нив се од српска националност, а останатите се Хрвати. Во инцидентот, дознава ХИНА, се замешал и локален таксист кој им помагал на нападнатите по што нападот престанал.
Како што дознава Dalmatinski portal, нападнатите биле сезонски работници, и тоа тројца работници од Славонија, девојка од Вараждин и еден жите на осторвот Брач.
Се враќавме дома од работа и поминавме покрај просторијата на Торцида Брач. Најверојатно слушнале овие две момчиња, ова се Срби од Вуковар. Тие беа 15, 20 и се затрчаа кон нас. Викаа: Каде е Србинот? Ги нападнаа и ги фрлија на земја и почнаа да ги клоцаат. Девојката легна над својот пријател да го заштити, но продолжија да ги тепаат и неа и него. Јас стоев на страна и прашав: Дали ова навистина е потребно? Добив удар со рака по носот. Да не наидеше таксистот, ќе не убиеја. Тој почна да свири со сирената од автомобилот и тие се разбегаа“, раскажа за далматинскиот портал момчето кое беше жртва на нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.