Во Кривичниот суд во Белград денеска треба да биде изречена првостепена пресуда за Милован Тадиќ, член на криминалната група на Вељко Беливук.
Тадиќ е обвинет дека како член на обезбедувањето на ноќниот клуб „Тилт“, во декември 2015 година му нанел тешки телесни повреди на Слободан Вукиќ, гостин во клубот.
Во завршните зборови, обвинителството му предложи на судот да го осуди Тадиќ на неколку години затвор затоа што смета дека неговиот удар бил фатален за смртта на Вукиќ.
Одбраната, пак, тврдеше дека немало поврзаност помеѓу ударот на Тадиќ и смртта на Вукиќ и побарала обвинетиот да биде ослободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.