Собранието на Косово го изгласа денеска со мнозинство гласови лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово.
Предлогот на Курти беше усвоен со 66 гласа „за“, десет „воздржани“ и без ниеден глас „против“ во 120-членото Собрание на Косово. Пред самиот чин на гласање, собраниската сала ја напуштија пратениците на опозициските партии на Албанците, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, а воздржани беа десетте пратеници на најголемата партија на ксоовските Срби, Српската листа (СЛ).
Идниот кабинет на Курти ќе има 15 министерства и двајца вицепремиери. По шест од министерствата се доделени на ВВ и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), две ќе ги води Српската листа и едно групата „Г-6“ на другите немнозински етнички заедници.
Тој како први мерки ги најави тужбата за геноцид против Србија и воведување на воен рок во траење од три месеци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.