Премиерот на Косово Авдулах Хоти рече дека е сторено многу за интеграцијата на регионот, но дека мора да се признае дека Западен Балкан во голема мерка е поделен кога станува збор за економска интеграција.

„Се уште има бирократски бариери и голем број на прашања што треба да се решат, особено кога станува збор за законодавството, но и инфраструктура и други технички бариери“. „Нашите економии се индивидуално мали кога станува збор за пазарите. Ако работиме заедно, можеме да се надополнуваме“, рече Хоти.

„Регионот е поделен. Но, можам да кажам дека постои волја меѓу лидерите во регионот да работат заедно за да ги отстранат бариерите веднаш и да се вклучат во големи проекти што ќе ги поврзат нашите главни градови и земји”, рече Хоти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.