Премиерот на Косово Авдулах Хоти, синоќа објави дека е позитивен за коронавирусот.

Бев тестиран за ковид-19 и резултатите се позитивни. Немам никакви симптоми, освен многу слаба кашлица. Од вечерва, јас сум во двонеделна изолација“, напиша Хоти на својот официјален профил на Фејсбук.

Во краткото соопштение тој додаде дека ќе ги извршува своите должности од дома. Во Косово расте бројот на инфицирани и на смртни случаи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.