Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, вчера соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и прва во Европа го искорени вирусот.

Премиерот на Црна Гора Душан Марковиќ изјави дека во оваа земја ќе бидат дозволени свадби, крштевки, ограничен број на гледачи на спортски настани, со соодветни мерки.

Само во Белорусија е дозволена публика за време на натпревари, додека другите лиги, кои продолжија неодамна, ќе се играат без публика на стадионите.

Во земјата нема потврдени нови случаи веќе 20 дена по ред.

Од избувнувањето на епидемијата се разболеле 324 лица, од кои 315 закрепнале, а деветмина починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.