Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ќе ги презеде должности на веќе поранешниот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, покрај функцијата на шеф на владата, соопштила синоќа владината прес-служба.
По седницата на Претседателството на СНС, претседателот Александар Вучиќ најавил дека прогресивците ќе ги задржат социјалистите како коалициски партнери во новата влада, но во малку променет формат на коалициска соработка.
Вучиќ најави дека Ивица Дачиќ ќе биде претседател на Собранието на Србија.
Коментирајќи ја таа одлука, Дачиќ рече дека „најголема чест е за секој државотворен политичар да биде шеф на највисокото претставничко тело и носител на уставната и законодавната власт во Република Србија“.
Српскиот парламент за денеска го закажа продолжението на конститутивната седница, а како што е најавено, пратениците ќе преминат на втората точка на дневниот ред – избор на претседател на собранието.
По оваа седница, пратениците треба да направат измени во законот за Влада и министерства, имајќи предвид дека е најавено формирање на две нови министерства, а потоа на специјална седница мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ќе го претстави своето излагање и предлогот на нејзиниот кабинет. Според законот, рокот за избор на новата Влада на Србија истекува 90 дена по потврдувањето на мандатот на народните пратеници, што во овој случај е 1 ноември 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.