Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ се приклучи на Парадата на гордоста која започна денеска околу 17 часот во Белград. Учесниците на ,,Прајдот” се собраа на Плоштадот Славија, од каде со пароли ,,Не се одрекувам” тргнаа на прошетка по белградските улици.

Повеќе инциденти беа регистирани пред одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а според тамошните медиуми приведени се и четири лица кои се судриле со полицијата.

Како што јавуваат медиумите, група екстремни десничари веќе неколку часа го блокираат центарот на градот, поточно аголот на улицата Принц Милош и булеварот на Крал Александар, обидувајќи се да ја спречат Парадата на гордоста чиишто учесници треба да поминат низ Кнез Милош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.