Косовските граѓани избегаа во Македонија пред да започне полицискиот час кај нив. Заострените мерки во соседството ја зголеми фреквенцијата на возила на граничниот премин Блаце. Во Приштина и општините со голем број заразени од корона вирус, на сила е полициски час. Трговските центри, угостителските објекти и продавниците со скратено работно време. Голем дел косовски државјани, решија викендот да го поминат во Македонија.
Алфа на граничниот премин разговараше со оние кои влегуваат во земјата. Тие тврдат дека не бегаат од полицискиот час, туку го користат викендот за прошетка и пазарење..
За разлика од Македонија, мерката полициски час ја воведоа речиси сите соседи на државава. Освен Косово, полициски час има во Грција, Црна Гора. Здравствените власти кај нас засега не преземаат поригорозни мерки. Дали воопшто ќе има нови мерки, ќе се расправа во понеделник. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека за нови мерки ќе се разговара откако ќе се сумираат ефектите од досегашните мерки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.