Црна Гора планира воведување нови рестриктивни мерки против ширењето на корона вирусот за време на новогодишните и божикните празници. Според локалните медиуми, овие мерки треба ќе бидат објавени денеска или најдоцна утре.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, како гостин на ТВ „Вијести“, соопшти дека епидемиолошката крива покажува мал тренд на опаѓање, но предупреди дека интензитетот на активноста на вирусот е на многу високо ниво.
Тој оцени дека состојбата се уште е сериозна и ги повика граѓаните на разбирање.
Секој вид собирање на отворен и затворен простор носи голем епидемиолошки ризик. Немаме механизми за спречување на собирање во куќите, освен да апелираме до граѓаните, бидејќи ваквиот вид собирање носи голем епидемиолошки ризик – изјави Галиќи.
Тој додаде дека процентот на позитивни во однос на тестирани во земјата се движи меѓу 25 и 30 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.