Иако е крај на август туристичките работници веќе ја прогласија сезоната за пропадната. Гости има се помалку, воглавно домашни но и тие не како минатите години.Халкидики и Пиерија живнуваат само преку викендот но тоа ни оддалеку не ги задоволува потребите на изнајмувачите на апартмани и на хотелиерите.

Рестораните и таверните се празни а изостанува и џагорот на шеталиштата во туристичките места. Сите се сложуваат дека главната причина за пропаѓањето на сезоната е што изостануваат гостите од Србија и од Македонија поради забраната со корона вирусот.

Граѓаните на ЕУ можат да доаѓаат но и нив и се бара т.н QR код како и регисттрација каде ќе престојуваат па многумина беа вратени.

Проценките се дека штетата е околку 15 милијарди евра но Грција се надева на помош од фондот на ЕУ од околку 30 милијарди евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.