Словенечкиот пратеник Дариј Крајчич поднесе оставка, откако беше објавено дека украл сендвич од супермаркет во Љубљана.

Крајчич објасни дека тоа го сторил оти бил изнервиран, бидејќи вработените во продавницата се однесувале игнорантски, па решил да го испита и обезбедувањето.

Тој излегол од супермаркетот со сендвичот, што не било забележано од обебзедувањето, по што сепак, се вратил за да плати. Притоа, тој се извинил за „социјалниот експеримент“.

Стоев околу три минути на штандот. Тројца вработени ме видоа и не ми обрнаа внимание оти разговараа меѓу себе. Така решив да го тестирам нивното внимание, изјави 54-годишниот пратеник од владејачката партија Листа на Маријан Шарец (ЛМШ).

 

Првично, колегите се забавувале со приказната, но потоа, лидерот на парламентарната група на ЛМШ ја оцени постапката на Крајчич како неприфатлива.

Тоа доведе до оставката на словенечкиот пратеник, поднесена по негова сопствена волја, се наведува во официјално партиско соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.