Лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ и пратеник на таа партија Иван Костиќ физички се пресметаа со пратениците на владејачката партија во Парламентот во Србија, јавија српските медиуми.

Како што се наведува во српското собрание денеска се случи инцидент откако пратениците на опозициското движење Двери, Обрадовиќ и Костиќ, кои го бојкотираат собранието, влегоа на собраниската седница за да го изразат незадоволство поради нереагирањето на српските власти на усвојувањето на Законот за верски слободи во Црна Гора. Обрадовиќ и Костиќ се судрија со шефот на пратеничката група на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Мартиновиќ, по што следеше општ метеж.

Носејќи транспаренти „Вучиќ и Мило – браќа близнаци“ и „Србијо, зошто молчиш?“, Обрадовиќ и Костиќ застанале на собраниската говорница и ги прашале пратениците од владејачката коалиција зошто не реагираат на усвојувањето на Законот за верски слободи во Црна Гора и на апсењето на пратениците на Демократскиот фронт.

Во еден момент, шефот на парламентарната група на СНС, Александар Мартиновиќ, станал од собраниската клупа и се приближил до говорницата, на што Костиќ се испречил меѓу него и Обрадовиќ, дојде до повлекувања и лидерот на Двери го турнал Мартиновиќ.

Настанал општ метеж и туркање во кој, покрај пратениците на Двери и владејачката коалиција, учествуваше и министерот за одбрана на Србија Александар Вулин. Еден од пратениците на СНС им ги скинал транспарентите на Двери.

Првиот спикер, Маја Гојковиќ ја прекинала седницата и ги замолила пратениците да не реагират на, како што рече, „смислената провокација“ на Бошко Обрадовиќ.

Ситуацијата се смирила по неколку минути, а Обрадовиќ и Костиќ ја напуштиле собраниската сала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.