Познатиот српски актер Горан Јевтиќ е осуден на 10 месеци затвор поради сексуално злоставување на малолетник кое се случило во Народниот театар во Сомбор, северна Србија.
Јевтиќ (41) првин бил осуден на 10 месеци домашна казна затвор поради недозволени полови дејствија. Но, судот потоа одлучи дека сепак, актерот нема да може казната да ја издржува во својот стан, туку во затвор.
Според судските извештаи, сексуалниот напад се случил 2014 година, над лице кое тогаш имало 16 години. Јевтиќ за време на забавата по манифестацијата Театарски маратон, во доцните вечерни часови го принудил оштетениот на орален секс.
Јевтиќ ги негираше овие наводи, а откако за случајот дозна цела јавност, некои негови колеги актери застанаа во негова одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.