Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера кај местото Грудско Врило во БиХ, загина 48-годишниот хрватски актер Јосип Зовко. Во судирот учествуваа две возила, а возачот на другото возило е пренесен во болница во Мостар.
Хрватскиот актер загина на лице место, а ова е втора трагедија во семејството Зовко, откако во мај 2017 година во Макарска, Хрватска, ладнокрвно беше убиен братот на Јосип, Анте. Тогаш 46-годишниот трговец со автомобили беше ликвидиран од страна на бизнис-партнерот, кој неговото тело го фрли во септичка јама.
Анте се водел како исчезнат повеќе од месец дена, по што неговиот партнер и убиец извршил самоубиство. Неколку дена по самоубиството, полицијата ги склопила делчињата од мозаикот и го пронашла телото на убиениот Анте.
Јосип Зовко бил дел од педесетина претстави во регионот, а публиката го памети по улогите во филмовите „Верувам во ангели“ и „Да бев морско куче“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.