Белграѓанката М.Р., директорка на српски дневен весник и долгогодишна љубовница на Вељко Беливук доби полициско обезбедување. Таа е обвинета за кривично дело перење пари во корист на бандата на Беливук, но прифатила да биде соработник, сведок во постапката против неговата мафијашка банда.

Таа била испрашувана како дел од финансиската истрага против Беливук. Полицијата се сомнева дека Веља Невоља ја легализирал готовината што ја заработил од шверц на дрога, рекетирање, изнуда преку неговата љубовница и уште неколку блиски луѓе.

При претрес во станот на М.Р., полицијата заплени копјутери и документи од неколку компании преку кои Беливук перел пари. Исто така, одземени се пет телефони, од кои еден ја имал апликацијата „Скај“ за шифрирани пораки и тајна комуникација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.