Матеја, синко, те молам не ме бркај од станот, стар сум, болен и немам каде да одам… нема да бидам овде уште долго, можеби уште година или две и после тоа сето ова сепак ќе биде твое… Вака 80 годишниот Јован Мариќ го моли синот да дојде во неговиот стан и да се договорат за се без тужби, судови и извршители.
Тој на 60 годни го добил синот кој сега сака да го избрка од станот, а притоа е болен од рак.
Мариќ е познат српски психијатар а спорниот стан од 120 квадратни метри во близина на Палатата на правдата Мариќ му го напишал на синот кога имал само седум месеци, за да го обезбеди во случај нешто да му се случи, бидејќи го добил во подоцнежните години од третиот брак.
Јас сум виновен што во договорот за подарок не додадов дека можам да останам во станот до крајот на животот. Искрено, не можев ни да сонувам дека вакво нешто може да ми се случи. Во секој случај, го молам син ми да дојде во нашиот стан и да се извини… Ме боли што не сум го видел седум години не знам навистина како изгледа денес! Го молам сега да не ме исфрла од куќата на улица бидејќи нема каде да одам. Стар сум и многу болен, едвај ја преживеав оваа корона и сега чувствувам огромни последици. Потполно сум слаб, спијам цел ден и само гледам каде е столот да седнам. Покрај тоа, имам силни болки, имам рак на простатата, кој оди со мојата возраст. Така, синко, нема да бидам овде уште долго, можеби уште година-две, а потоа се ќе биде твое – вели Јован Мариќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.