Нов пожар избувна на грчкиот остров Евија, но во јужниот дел, а од локалното население од селото во близина на огнената стихија беше побарано превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.

Според противпожарната служба на Грција, пожарот се гаси од копно и воздух, а според медиумите од островот, интервенираат 24 пожарникари со 12 возила, четири хеликоптери, два авиони, но и волонтери.

Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите

Преку бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до жителите на Месохорија и побарано веднаш да се евакуираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.