Во шумската област на Киристос на островот Евија во Грција изби пожар, но надлежните уште не знаат што точно ја предизвикало огнената стихија. Жителите на блиското село Ниборио почнаа да ги напуштаат своите домови пред на лице место да стигнат првите пожарникари и официјално да се издаде наредба за евакуација, јави агенцијата АНА.

Според првите информации пожарот се шири многу брзо поради силниот ветар кој дува на целото подрачје. Во акцијата за гасење упатени се пожарникари од целиот остров, како и од континанталниот дел на Грција.

Три авиони канадери до сега не успеаја да пријдат до загрозеното подрачје поради силните ветришта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.